Им пресудил карантинот или седмата година? Шокира со веста дека се разведува од сопругот со кого има две деца

13 јуни, 20200
гфгхфд

Кели Кларксон поднесе барање за развод на почетокот на јуни оваа година. Двојката е во брак од 2013 година и заедно имаат две деца.

Американската пејачка Кели Кларксон се разведува од својот сопруг Брендон Блекстост по скоро седум години брак.

US Weekly пишува дека Кели поднела барање за развод на 4 јуни оваа година, наведувајќи ги „несовладливите разлики“ како причина.

Двојката се венча во 2013 година, а во бракот имаа две деца – ќерката Ривер Роуз (5) и синот Ремингтон Александар (4). Блекстоун има две деца од претходниот брак со Малиса Ешворт, ќерката Савана (18) и синот Сет (13).

Тие го најавија нивниот развод веднаш по карантинот. Заедно со своите деца, тие ја поминаа изолацијата на ранчот во Монтана, а извори блиски до двојката посочуваат дека поминале повеќе време заедно од вообичаеното, а проблемите почнале да се појавуваат затоа што порано не ги решиле.

Кларксон го пофали својот сопруг во текот на бракот и зборуваше за тоа колку многу сакаше да поминува време со него, но се чини дека не беше доволно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi