Има 24 часа за да одговори: Ники Минаж со новата песна “го закопа” Ашер!

13 јуни, 20200
niki-minaz-aser-830x0

Американската раперка, Ники Минаж (37), објави нова песна со наслов “Trollz”, а фановите не можеа да не забележат дека во текстот од песната, пејачката јавно го исмева раперот Ашер (24).

Всушност, Ники во еден стих од песната, кој гласи “Somebody usher this nig*a into a clinic”, употреби збор кој во буквален превод значи “послужител”. Фановите сметаат дека намерно го вклучила тој збор, со цел да го изнервира раперот.

Раперот Ташер пак, кој ја изведува оваа песна заедно со Ники, ги потврди сомнежите во врска со стихот, така што напиша на Инстаграм:

  • Ашер има 24 часа да одговори!

Ашер во минатото бил оптужен дека им пренел херпес на своите сексуални партнерки, без претходно да им напомене за болеста. Тој имаше долго судење поради вакви оптужби, а фановите сметаат дека зборот “болница” (clinic) во новата песна на Ники, има врска со тоа што Ашер имал сексуално пренослива болест и со тоа сакала јавно да го “закопа”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *