Има само една година и свој канал за готвење- погледнете како Шеф Коби подготвува јадења!

20 мај, 20200
коби

Ако не сте знаеле, на готвачката сцена се појави еден нов одличен готвач! Тоа е едногодишниот Коби, попознат како Шеф Коби!

Со своите фантастични готвачки видеа, за кратко време стана популарен на социјалните мрежи.

Едногодишниот Коби обожава да си игра со храната и да подготвува оброци како макарони или пијалоци, но знае да подготви и некои сложени јадења.

Помошници на Шеф Коби му се мајка му и татко му, а со нивна помош тој постигнал огромна популарност.

Бидејќи е отворен за нови идеи и вкусови, луѓето обожаваат да го гледаат како готви нови рецепти. Иако сака да проба се, најмногу сака сирење и рецепти со сирење.

Родителите се многу среќни што видеата со нивниот син им носат насмевки на многу луѓе од целиот свет.

“Ми се допаѓа што квалитетно поминатото време со синот се претвори во нешто што го инспирира светот. Не ни претпоставивме дека овие забавни видеа додека готвиме ќе станат волку барани”, објаснила Ешли, мајката на Коби. Открила и дека успеале да ги инспирираат и останатите родители да ги вклучат децата во подготовката на храна и да направат забава во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *