Имала 36 години кога ја дознала страшната вистина : Славната пејачка поради тешка болест никогаш не се оформила како мајка!

9 мај, 2020
Насловна

Иако истакнува дека жали за одредени работи во животот, славната пејачка се обидува да задржи позитивен став и покрај сè.

Познатата австралиска пејачка Кајли Миног, по долгогодишно молчење, конечно зборуваше отворено за нејзината борба против ракот на дојка, признавајќи дека тоа е болеста што ја спречила да има деца.

Џебната Венера се присети на 2005 година кога и беше дијагностициран карцином и објасни како тоа влијаело врз основањето семејство во нејзиниот случај.

– Имав 36 години кога ми беше дијагностициран рак. Реално, јас бев во втората половина од животот тогаш – рече Кајли и додаде:

– Во тоа време, децата сè уште не беа на мојата агенда, но болеста промени сè.

Пејачката ја коментираше и можноста сега да стане мајка.

Иако истакнува дека жали за одредени работи во животот, славната пејачка се обидува да задржи позитивен став и покрај сè.

– Очигледно не сакам да размислувам премногу за тоа, но да, се прашувам како би било тоа. Сите велат дека има многу опции, но не знам – рече Кајли.

– Сега имам 50 години и сум многу порелаксирана во животот. Не можам да кажам дека не жалам за некои работи, но можам да кажам дека ќе ми биде тешко да продолжам ако класифицирам нешто како каење, затоа сега морам да бидам филозофски наклонета колку што можам. Мора да прифатите каде сте и да преминете од таа точка – објасни оваа музичка дива во едно интервју минатата година.

Како што понатаму во таа прилика се изјасни, најмногу жали што се излажала себеси кога станува збор за љубовните врски, што е сосема разбирливо, со оглед дека јавноста била информирана за нејзините односи, кои обично завршувале многу бурно, а она била таа која најмногу е измамена или напуштена.

Сепак, Кајли истакна дека никогаш не престанала да верува во љубовта, а наградата за тоа дошла во форма на нејзината романса со четириесет и шестгодишниот Пол Соломонс, креативен директор на британското издание на магазинот „GQ“, со кого ужива во хармоничен однос веќе две години.