Што е тоа што ја разнишувало самодовербата на Бртини Спирс?

5 јуни, 20200
Britney-Spears

Американската поп пеачка Бритни Спирс (38) секако ќе остане запаметена во музичката историја, што по својот глас и хитови, што поради сцените кои ги предизвикуваше поради психичките тешки моменти и нервни напади. Оваа атрактивна пеачка која позади себе има „војска“ фанови, на социјалните мрежи реши отворено да проговори за својата несигурност и причината поради која со години носи шишки.

„Кој би рекол дека шишките може да те подмладуваат! Почнав да ги носам во трето одделение и се сеќавам како да беше вчера. Тоа беше голема работа за мене – да го изложам своето чело. На југот тоа можеа да го прават само убавите луѓе, а јас никогаш не се чувствував доволно убава за тоа“ – искрено признала Бритни.

„Сите девојки кои се појавуваа на наптреварите во убавина тоа го правеа, но јас никогаш не чувствувам дека тоа е моја „работа“. Имам грди заби и се чувствував како грдото патче. Затоа отидов дома и си реков себе си: „Можеби можам да бидам како постарите девојки и да го покажам своето чело.“ Тоа и го направив и изгледаше многу лошо, но јас мислев дека е одлично! Мислам дека знаев дека не изгледам добр, но го направив тоа за да бидам кул. Луѓето бираат разни начини за да се заштита себе си. Кога ќе ги повлечам шишките преку челото, се осеќам заштитено. Како повторно да сум во трето одделение“ – заклучи пеачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi