ИНИЕРЕКТНО ДАВА ДО ЗНАЕЊЕ- Кејт го наговести она што сите го исчекуваат?!

7 ноември, 2020
profimedia-0560454518

Што ја издаде?

На предавањето на круната на кралицата Елизабета Втора и новиот наследник на истата, се пишува повеќе во последните месеци, а скоро секој ден излегуваат нови теории за тоа кој ќе биде новиот крал на Велика Британија. Иако повеќето веруваат дека 94-годишничката ќе биде заменета со нејзиниот 71-годишен син, принцот Чарлс, сепак има и такви кои сметаат дека на тоа место треба да дојде некој помлад, подостапен до народот, како што е 38-годишниот принц Вилијам. И покрај сите „шушкања“, палатата сè уште официјално не објавила крунисување на новиот крал, сепак, јавноста верува дека Кејт Мидлтон индиректно наговести кој ќе го преземе тронот.

Експертот за мода, Ентони Мекграт, за „Express UK“, коментираше за некои од најновите модни изданија на војвотката од Кембриџ и истакна дека нејзиниот избор на модни парчиња сугерира дека 38-годишната девојка дава сигнал дека е подготвена да биде кралица сопруга т.е дека нејзиниот сопруг станува нов крал на Велика Британија.

„Кејт зад себе ги остави фустаните со деколте, размавтани парчиња и шарени дезени. Наместо тоа, се повеќе може да се види во комбинации на облека кои вклучуваат костуми, подолги здолништа и сакоа и палта со минималистички крој. Таа додаде доза сериозност во своите аутфити, како што доликува на некој што треба да биде на самиот врв на земјата во иднина“, објасни споменатиот моден експерт, додавајќи дека е убеден дека промената во начинот на облекување не е случајна сега кога има гласини дека Кралицата Елизабета Втора треба да го предаде престолот следната година.

escort - Korsan taksi