Инсектите “светулки” повеќе не светат, луѓето ги изгаснаа!

10 јули, 20200
svetulki

Низ целиот свет, светулките ја осветлуваат ноќта со своите сјајни тела, но научниците сега предупредуваат дека нивната „магија“ е загрозена и дека идните генерации можеби никогаш нема да имаат можност да ги видат.Г лавната причина зошто се намалува бројот на членови на еден вид е загубата на живеалиштата, а светулките се загрозени затоа што им се потребни посебни услови за да го исполнат нивниот животен циклус, велат научниците од универзитетот Тафтс во Масачусетс, кои го спроведоа истражувањето. На пример, на еден вид светулка од Малезија, позната по синхронизираното осветлување, и требаат мангрови шуми за да се размножува.

Истражувачите биле изненадени кога откриле дека осветлувањето е исто така причина за истребување на светулките. Вештачката светлина што доаѓа од уличното осветлување, рекламите и светлината што се шири од прозорците на станбените згради погубно делуваат врз нив. „Освен што  се нарушува нивниот природен биоритам, вештачката светлина влијае на нивните ритуали за време на парењето“, забележува Авалон Овенс, еден од коавторите на студијата.Повеќето светилки се потпираат на биолуминисценција – хемиска реакција на телото што им овозможува да ја привлечат својата партнерка со својата светлина, а премногу вештачка светлина го нарушува овој процес.Професорот по биологија Дејв Гулсон од Универзитетот во Сасекс посочува дека пестицидите се едни од главните причини за помалку и помалку светулки.Научниците веќе утврдија дека постои „тивка апокалипса“ во светот на инсектите, бидејќи 41 процент се веќе на работ на истребување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi