Инспирирани од „Star Wars“: Научниците создадоа вештачка кожа што чувствува допир

6 август, 20200
f_8407505_1024

Сингапурските научници развија „електронска кожа“ која е способна да почувствува допир, иновација за која веруваат дека ќе им помогне на луѓето со вештачки протези да ги препознаат предметите и да ја чувствуваат нивната текстура, па дури и температурата и болката.

„Кожата“ наречена ACES е составена од стотици мали сензори и е со големина од 1 квадратен сантиметар.

Научниците од Националниот универзитет во Сингапур велат дека уредот може да обработува информации побрзо од човечкиот нервен систем и е способен да препознае 20 до 30 различни текстури и може да го прочита Брајовото писммо со повеќе од 90 проценти точност.

  • Луѓето треба да го „лизгаат“ прстот на објектот за да ја почувствуваат текстурата, но оваа кожа со само еден допир може да препознае текстура со различна јачина, вели водачот на тимот Бенџамин Тее, додавајќи дека алгоритмите за вештачка интелигенција му овозможуваат на уредот брзо да учи.

Демонстрацијата покажа како уредот може да препознае дека топката што го ослободува стресот е мека и утврди дека пластичната топка е тврда.

  • Кога ќе го изгубите чувството за допир, чувствувате вкочанетост … луѓето што носат протези го имаат тој проблем, вели Тее.
  • Со создавање на вештачка верзија на кожата за нивните протези, тие можат повторно да ја почувствуваат топлината со својата рака и да чувствуваат меко или колку е тешко тоа што го држат во раката, вели Тее.

Тој додава дека концептот е резултат на инспирација од сцена од трилогијата „Star Wars“ во која ликот на Лук Скајвокер ја губи десната рака и добива заменска роботска рака со кој се чини дека може да го почувствува допирот.

  • Технологијата е сè уште во експериментална фаза, но има огромен интерес од страна на медицинската заедница, вели Тее.

Неговиот тим веќе измислил транспарентна кожа што може да се регенерира кога ќе се скине и греен светлосен материјал за електронски уреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi