Инстант парови – се венчаа набрзина, се каеа “нате-нане”!

25 јули, 20200
123

Деми Ловато и актерот Макс Ерик се верија после 5 месеци врска. Пејачката објави фотографии од свршувачката што се случи на плажа на Инстаграм, како и од прстенот за свршувачката што актерот и го даде. Иако американските медиуми наведуваат дека за ваков потег било прерано, поранешната ѕвезда на Дизни не е првата холивудска личност која се реши на таков избрзан потег.

На пример, во 1993 година, Џулија Робертс и Лајн Ловт го кажаа судбоносното „да“ по само три недели врска. Тогашната 25-годишна актерка доби слободен викенд за време на снимањето на филмот „The Pelican Brief“ и го искористи за да се омажи со кантри пејачот на мала церемонија во Индијана. По венчавката, таа се врати на снимањето, а Лајл на неговата кариера. Љубовта не траеше долго и парот се разведе во 1995 година. Во едно интервју, пејачката признала дека никогаш не поминале седум дена по ред заедно.

Мараја Кери и Ник Канон се венчаа после еден месец врска и се разведоа во 2016 година. Актерката Ники Рид се омажи за музичарот Пол Мекдоналд по тримесечна врска, но нивниот брак не траеше долго. Нејзината колешка Кејли Куоко, исто така, доби веренички прстен по тримесечна врска. Таа се омажи за тенисерот Рајан Славен во декември 2013 година, а тие се разведоа во 2015 година.

 Поп ѕвездата Ариана Гранде се сврши и со комичарот Пит Дејвидсон, по само еден месец врска. Нивната свршувачка не траеше долго, па се чинеше дека „тиквата пукнала“ уште пред да се формира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi