Автомобилот кој е најголемата желба на богатите и славните: Поставен е концептот на летечкото Ферари!

13 април, 20200
ferrari

Засега, само уште еден концепт од страна на Ферари, FD-One еден ден би можел да лета во облаците со брзина од 500 километри на час…

Дали е тоа птица? Дали е авион? Не, но не е ниту Супермен – тоа е летечко Ферари, со кое можете да се вивнете високо во облаците со уште една личност. Електричното летало е придвижувано од истата технологија како и беспилотните летала (дронови), но во истовреме инспириран од тркачките класици од 1950-тите години.

Засега, само во форма на концепт потпишан од италијанското дизајнерско студио Lazzarini, Formula Drone One или накратко кажано FD-One, ќе биде лансиран со три странични пропелери кои вертикално ќе го подигнуваат од земјата. Фасцинантното летало е долго 7,40 метри и тежи речиси 900 килограми.

Леталото е ретро мешавина на формулата и модерен дрон и е доволно луксузно за еднаш да стане предмет на желба на богатите и славните, како и на сите оние кои би можеле да си дозволат да ја воодушеват публиката со нивното пристигнување или заминување.

FD-One има шест електрични мотори, четири од предната страна и два позади, а се проценува дека може да достигне брзина од 500 километри на час и да лета околу три часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi