Автопат до рајот- погребан во својот омилен Мерцедес, со рацете на воланот

5 април, 2020
mercedes-benz-retro-1980-85-500

Чекеди Пико (72) кој бил висок член на Соединетото демократско движење на Јужна Африка, паднал и починал минатата недела пред својата куќа, додека одел кон автомобилот .
Неговото семејство изјавило дека пред смртта Чекеди изразил желба да биде погребан во автомобилот, Мерцедес Е500 од 1980 година.
Тој е испратен во својот омилен автомобил со двете раце ставени на воланот.

Пико бил бизнисмен и татко на шест деца.
Неговата ќерка изјавила дека татко и некогаш бил богат бизнисмен и дека имал возен парк преполн со Mерцедеси, но во последно време имал финансиски проблеми и сите ги продал.
Таа додала и дека Пико најголемиот дел од времето го поминувал во автомобил слушајќи музика,бидејќи тоа го опуштало.