Бела Хадид купила луксузен апартман во Њујорк за 7 милиони долари
23 јуни, 20200
Кога за прв пат ја прочитавме веста дека Бела Хадид купува луксузен пентхаус во Њујорк за 7 милиони долари, воопшто не не изненади. Факт е дека една од сестрите Хадид е една од најбараните модели денес, иако медиумите ја обвинуваат дека честопати оди „под нож“ и ги исправи носот, усните и очните капаци, но тоа не ја спречува да си ја работи својата работа. И како награда – си купи стан во луксузната њујоршка населба Соху. Според медиумите, таа го купила уште во 2019 година, а внатре има две спални соби, две пространи бањи и тераса со поглед на прекрасниот Њујорк. Дневната соба има камин, а има и просторија за што може да држи дури 100 шишиња вино. Погледнете во галеријата подолу и уживајте.