4 јуни, 2020

Очигледно, покрај Камилa, но и покојната сопруга Дајана, Чарлс имал и трета голема љубов.

Со оглед на тоа што британските медиуми долги години ја следат врската на Чарлс и Камила, кои прво беа во брак со други луѓе, а потоа се венчаа во 2005. година по бројните перипетии, се чини дека покрај Камила и неговата покојна сопруга Дајана, Чарлс имал и трета голема љубов.

Според британскиот „Express“, принцот имал многу жени во неговите помлади денови, а една била посебна за него. Станува зборр за Дејл Трејон, која беше сопруга на еден од најдобрите пријатели на Чарлс, лордот Ентони Трејон.

“Некои дури велат дека Чарлс ја опишувал како единствена жена која го разбира. Дејл со години претпазливо зборуваше за Чарлс, негирајќи дека некогаш била во врска со него”, вели извор близок на кралското семејство. Наводно, додека бил со Дејл – во исто време започнала неговата врска со Камила! Дејл на својот син му го дала името Чарлс, а почина само 3 месеци по принцезата Дајана. Исто така, се зборува дека таа и Камила не биле во добри односи.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Беше сопруга на неговиот најдобар пријател, а на синот му го даде името Чарлс: Дали таа била третата важна љубов на принцот Чарлс?
Горе