1 април, 2020

Радио

Иако неодамна го прослави својот 20-ти роденден, синот на фудбалерот Дејвид Бекам, Бруклин Бекам, наводно, размислува да стапи во брак. Поточно, перспективниот фотограф е „заљубен до уши“ во 25-годишната актерка Никол Пелц, со која е во врска изминативе пет месеци. Иако ова е добра вест, овој развој донесе немири во домот на семејството Бекам, пренесува британскиот таблоид Mirror.

Според пишувањето на споменатиот магазин, модната дизајнерка и поранешна пејачка, 45-годишната Викторија е едноставно воодушевена, но нејзиниот 44-годишен сопруг, Дејвид, сè уште смета дека нивниот син избрзува со толку голема одлука. „Викторија ја обожава новата девојка на својот син затоа што на многу начини ја потсетувана самата неа. Никол е богата, амбициозна, вредна и полна со почит кон постарите лица. Тие се согласуваат совршено и би било жално да не ја крунисаат својата љубов со брак “, откри извор близок на семејството.

„И покрај фактот дека Никол му е навистина симпатична, Дејвид смета дека неговиот син треба да почека уште некое време пред да каже„ да “, рече изворот. Потсетуваме, иако го убедува својот син да ја одложи свадбата, токму тоа го направи поранешниот фудбалскиот ас кој ја запроси Викторија само шест месеци откако наполни 20 години, па многумина се изненадени бидејќи тој не покажува поголемо разбирање за оваа ситуација.

Остави коментар

Почетна // Забава // Бруклин предизвика хаос во семејството Бекам
Горе