Чудо од природата: Најголемата бела пустина во светот

22 јули, 20200
pustina1

Вајт Сендс е најмладиот национален парк во Соединетите Американски Држави. Овој поранешен државен природен споменик во државата Њу Мексико стана национален парк минатиот декември.

Тоа е вистинско чудо од природата што се протега на 589,9 километри квадратни во округот Отеро. Во него доминираат песочни дини, т.е грутки кристали од гипс кои му даваат сјајна бела боја, што на некои делови се искачува до 18 метри во висина.

И покрај тоа што Белите песоци се сметаат за најголеми полиња од гипс кристал во светот, оваа локација не е под заштита на УНЕСКО.

Локалното население не сака да го номинира на списокот за светско наследство затоа што се плашат дека со тоа ќе мора да ја затворат воената област за тестирање ракети „Вајт Сендс Мисл Рејнџ“, која е отворена уште од 1945 година.

Денес националниот парк е дом на 600 без’рбетници, 250 видови птици, 50 цицачи и 30 влекачи. Секоја година ја посетуваат околу 600.000 луѓе кои обично спијат во шатор на одредено место за кампување.

За влез во паркот се наплатуваат симболични 5 долари, но привремено е затворен од безбедносни причини, поради пандемија на корона вирусот.

Погледнете го Националниот парк Вајт Сендс во нашата фотогалерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *