Дали ќе врне? Честа појава на небото која им служела на Индијанците за да го прогнозираат времето

29 април, 2020
небо

Кога небото е прекриено со меки облаци, во убави, мирни денови, околу сонцето, може да се појават светли кругови наречени ореол.

Истите кругови се гледаат и во текот на ноќта, околу сјаната полна месечина. Светлите кругови составени од цирострат-облаци најчесто укажуваат на тоа дека ќе има дожд или снег во текот на следните 12-24 часа. Ако предниот дел се движи брзо, врнежите може да стигнат и побрзо, за 6-8 часа. Циростратите се тенки, ледени и проѕирни облаци кои го покриваат целото или дел од небото како мрежа.

А, Индијанците од Ново Мексико би прогнозирале дожд кога од вигвамот би фрлиле поглед кон небото и ќе ги видат карактеристичните прстени.

Причината е дека светлите кругови се формираат ако облаците се доволно високи за нивната вода да се замрзне во ледени кристали.

Кристалите со различна форма и големина, имено хексагонални, цилиндрични форми, наредени во иста насока „виновни“ за карактеристичните кругови околу сонцето или месечината.

Претставува небесен феномен кој привлекува фотографи низ целиот свет, а некои од нив се во нашата галерија.