Дали знаете зошто првото Велигденско јајце се бојадисува во црвена боја?

17 април, 20200
jajace

Бојадисувањето јајца е еден од најстарите христијански обичаи. Овој обичај прв пат се појавил во 12 век. Една од тезите зошто јајцата се бојадисуваат за Велигден е поврзана со легендата за Марија Магдалена.

Таа му понудила на царот Тибериј корпа со јајца, a бидејќи Царот не верувал во воскресение, можноста за воскресението на Исус ја споредил еднаква на веројатноста јајцата од корпата да ја променат бојата.
Како што Марија ги изговорила зборовите „Христос Воскресе“, така сите јајца во корпата станале црвени, затоа што црвената е боја на воскресението и ја симболизира Христовата пролеана крв.

Постојат уште има верзии за оваа легенда, но уште од античко време, јајцата се бојадисуваат во чест на Исус, а првото јајце мора да биде црвено и е познато како чувар на куќата. Не се фрла и се чува во домот до следниот Велигден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *