Денес се лепотани, но како изгледале пред неколку години?

22 јуни, 2020
Annotation 2020-06-22 183747

Колку  се разликуваат фудбалските лица кои ги знаеме денес од оние на почетокот на својата кариер, и дали изгледот е навистина важен во светот на фудбалот?

Денес се ѕвезди во својата работа, заработуваат милиони и девојките често го сакаат нивното внимание. Но славните фудбалери како Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Нејмар, Дејвид Бекам не изгледале како што изгледаат денес. Навежбани, со тетоважи, шарени фризури (некој повеќе некој помалку успешни) па и пластични операции и корективна хирургија ги прават тоа што се денес.   

Колку се менуваа низ годините погледнете во следното видео:  

https://www.facebook.com/watch/?v=10155530804936616

Меѓу нив е и најголемиот срце кршач Кристијано Роналдо (35) кој како што кажуваат пластичните хирурзи ширум светот, макотрпно го модифицирал својот изглед за да биде тоа што е денес. Ги исправил и избелил забите, ставил додатоци во косата, ставил ботокс на челото и ги израмнил брчките околу очите и носот. Го корегирал и носот. Тој освен за забите (на кои има слики како носи апарат) не признава дека има други корекции, но во фотографиите е јасно како тој изгледал во минатото а како изгледа денес. Некои отидоа толку далеку што направија пресметки за тоа колку го чини на годишно ниво правењето на веѓите, пополнувањето на брчките, одржувањето на косата и забите… Некои пресметаа дека за сето тоа се потребни 250.000 долари, што за него, навистина, е капка во морето.

Најголемиот ривал на Роналдо, Лионел Меси (32) не обрнува многу внимание на својот изглед и не е “изгланцан” како Роналдо. Но затоа често менува фризури и многу внимава на тоа каква боја ќе му бидат брадата и косата. Веќе не сака како кога бил дете, на терен да излезе блед и со несредена коса. Телото сепак го покрил со тетоважи, а фактот дека го оперирал носот и ги направил забите е видлив од авион.

Еден од најмладите фудбалери е 28-годишниот бразилец Нејмар кој, рака на срце, се чини дека само пораснал. Но неговиот заштитен знак е постојано менување на фризури од кои секоја e по радикална и по ексцентрична од предходната. Некои се потполно промашување како последната која изгледа како гнездо од шпагети на неговата глава. Исто какo неговите колеги, и тој е украсен со тетоважи.

Фудбалска, но и поп културна институција Дејвид Бекам (45), и кога отиде во фудбалска пауза остана во јавноста. Тој си неговата сопруга се заедно со години. Таа беше дел од групата Ѕpice Girls и сега е моден дизајнер Викторија Бекам. Од релативно неугледен англичанец денес е човек што го краде вниманието на медиумите, мажите, жените па дури и на венчавката на британскиот принц. Коментаторите неговиот изглед го коментирале стотина пати, и додека еден извор тврдити дека на Бекам не му се страни филерите, ботоксот, и другите пластични операции, фудбалерот ги отфрла тие озборувања и тврди дека неговиот изглед и имиџ е заслужно вежбањето, советите на неговата сопруга, добро кроени одела и генетиката. Но таа генетика, како што кажуваат не е баш видлива на почетокот на кариерата.

Шпанскиот фудбалер Сергио Рамос (34) исто така тврди дека неговиот мажествен и помодерен изглед е резултат растењето и добрата фризура. Но интернетот е преполн со озборувања дека Рамос го направил носот, ги средил забите  и ги обликувал веѓите. И Рамос како и останатите е тетовиран на цело тело. Исто така ја има истетовирано Дева Марија на левата надлактица.

Додека некои велат дека фудбалерите низ годините ” не биле грди, туку млади” јасно е дека имиџот и изгледот им е важен и дека се спремни да го одржуваат својот изглед на секаков начин.