Девет парчиња облека што мажите би ги исфрлиле од плакарот на жените! ?

6 април, 20200
obleka

Можеби изгледот не е најважен, но игра голема улога. Сепак, не се заљубуваме на прв поглед во нечија личност (посебност). Исто како што ние жените сакаме мажи кои знаат добро да се облекуваат, така и мажите сакаат кога ја негуваме женственоста и не ги следиме сите трендови. Колку и да ви се удобни следниве работи, мажите се молат да ги заборавите засекогаш или барем да ги ставите на дното на плакарот.

1. Згужвана или неиспеглана кошула

Никој не очекува да бидете во елегантна облека цело време, но стутканата облека остава впечаток на негрижа и мрзеливост, што не е привлечно на никого.

2. Чорапи во сандали

Ова можеби ќе ви биде слатко, но мажите не ја гледаат поентата на чорапи и сандали во комбинација и би сакале никогаш да не ја комбинирате. ?

3. Крокс сандали

Дали треба воопшто да го објасниме ова?

4. Широки фармерки

Повеќе од 50 посто од мажите не сакаат жени да носат широки фармерки затоа што не ја следат нивната силуета и, според нив, не гледаат воопшто привлечни, пренесува Космополитен.

5. „Бабски“ гаќички

Колку и да се пријатни, ќе се согласите со посилниот пол дека тие не изгледаат многу привлечно.

6. Боксерски шорцеви

Мажите се поделени на оваа точка. За некои, боксерските шорцеви се секси, а некои сметаат дека тоа е исклучиво машка долна облека.

7. Премногу долги или премногу кратки панталони

Иако ова се наши омилени модели, мажите не ја гледаат поентата.

8. Панталоните спуштени до колковите

Повеќето мажи се согласија дека овој вид панталони изгледаат ефтино, а не женствено.

9. Претесни фармерки

Колку и да сме ние жените убедени дека ќе изгубиме тежина и ќе се вратиме на стариот број на фармерки, мажите сепак претпочитаат да носите големина на фармерки што е најточна за вас во тој момент.

Но сепак, „вистинскиот“ не треба да се грижи за тоа што носите на себе, затоа слободно продолжете со облекувањето како што сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi