„Додека работев во слаткарницата, научив да се смеам и кога не ми е денот“, искрено со Талат од „Преспав“

9 декември, 2020
„Додека работев во слаткарницата, научив да се смеам и кога не ми е денот“, искрено со Талат од „Преспав“

Рецепционерот Талат од Тетово во хит-серијата „Преспав“ успеа многу бргу да ѝ стане миленик на публиката. Зад неговиот лик се крие актерот Дритон Вејсели, кој ни открива дека за време на снимањето на серијата се чувствувал како да е на терапија за смирување во ова лудо време на корона.

„Е, па, имам ексклузива, ја откривме вакцината против короната кај нас во пансионот, ама тоа набргу ќе го видите“, вели на шега Дритон Вејсели, кој ја најави петтата сезона на „Преспав“ од средината на декември.

Како син на угостители, вели дека лесно се снашол во улогата на Талат. „Растев во слаткарницата на моите родители и таму научив сешто. Па дури и онаа љубезност што мора да ја имаш со муштериите. Ако ме прашуваш дали сакам да јадам благо, преку глава ми е“, на шега вели актерот, чие семејство веќе 50 години ја работи популарната скопска слаткарница „Малага“.

Преку муабетот дознавме сешто: од тоа дека нема возачка дозвола, а и дека не е вработен во ниеден од театрите. За средношколските денови во Уметничкото училиште, улогата на Талат и како ја добил, но и за тројцата браќа, за традиционалните вредности, семјството, приказните за „Малага“, зошто слабо му оди со девојките, како е на снимањето на „Преспав“, со кого се дружи од екипата… Гледајте го интервјуто.

escort - Korsan taksi