Доказ дека Лени Кравиц е најдобро облечен маж во светот

26 јуни, 2020
profimedia-0501055068-725x483

Лени Кравиц е новото лице за кампањата на Saint Laurent за есен / зима 2020 година и изгледа феноменално!

Првите фотографии, многу модерни, црно-бели, објавени се на социјалните мрежи, кои беа направени за познатата модна куќа од страна на Дејвид Симс.

Кравиц на едната од нив е со препознатливите суканици, во свилена кошула, тесни фармерки и совршено скроено сако. На другата, тој носи кошула со животински принт и малку пообилни панталони. Класични очила за сонце се таму за да го комплетираат изгледот.


Фантастичните фотографии беа објавени на профилот на Ентони Вакарело, директор на куќата на Saint Laurent, каде што ги искоментира ќерката на Лени, Зои Кравиц, со многу аплаудирачки емотикони. Мора да биде одлично кога имаш татко кој не само што не те срами на секој чекор, туку е толку кул што секој сака да биде како него.