Доказ: Сите жени треба да стават СИЛИКОНИ! Како силиконите знаат да спасат живот? Wow ?

22 април, 2020
444

Жена која преживеала рана од огнено оружје близу до градите преживеала поради силиконски импланти на дојка, сметаат лекарите.

Во една студија на случај објавена минатата недела во медицинското списание SAGE, лекарите опишаа како силиконски импланти на дојка спречиле куршумот да стигне до виталните органи на 30-годишна жена, пренесува CNN.

Инцидентот, кој се случи во 2018 година во Торонто, Канада, е еден од неколку случаи пријавени во медицинската литература, каде имплантантот имал улога во спасување на животот на пациентот, изјави хирургот Џанкарло Мекевенју за CNN.

Лекарите забележале дека силиконскиот имплант веројатно е одговорен за пренасочување на куршумската патека – што на крајот го спаси животот на жената.

Постојат два вида на импланти на дојка одобрени за продажба во САД. Двете имаат силиконска надворешна обвивка, но едната е исполнета со физиолошки раствор, а другата е силиконски гел. Тие може да се разликуваат по големина, дебелина, текстура и форма на површината на обвивката и обично се вградуваат за да ја зголемат големината на градите или да го поправат ткивото на дојката.

Иако точните детали за пукањето се нејасни, хирургот изјави дека пациент дошол во ургентната соба откако бил пукан во градите. „Таа разговараше со тимот за траума и тие беа во неверување колку е добра“.

„Раната од влезениот куршум беше на левата дојка, но фрактурата на ребрата беше од десната страна. Куршумот прво влегол во кожата од левата страна, а потоа се насочил над коската на градниот кош во десната дојка и го скршил ребрата од десната страна”, кажува хирургот, додавајќи дека ако таа немала силикони, шансите дека ќе биде мртва се огромни.

Лекарите ги отстраниле имплантите и куршумот, а жената е во одлична состојба.