Дончиќ воодушеви со танц на песната заради која се распаднаа Србија и Црна Гора!

7 април, 20200
Luka Doncic

Лука Дончиќ ја користи присилната пауза (поради коронавирусот) во НБА лигата за да направи дарежливи донации на оние што се во првите редови во борбата против „чудовиштето“, како и да објавува снимки на социјалните мрежи.

Тој ги воодушеви своите фанови со снимка од неговиот летен одмор минатата година, на која одлично танцува на глисер некаде на Јадранот со познатата песна Лудиот летен танц, на српско-црногорскиот бенд Фламинози.

Таа песна предизвика многу полемики во 2006 година. Во тоа време Србија и Црна Гора беа во државната заедница, а Фламингоси освоија најмногу гласови од гледачите на телевизиите за песната што ќе ја претставуваше земјата на Евровизија.

Сепак, затоа што песната беше репрезентативна на Србија, членовите на жирито во Црна Гора не и дадоа ниту еден поен за да би победил црногорскиот машки бенд „Без име“. Публиката во белградскиот Сава центар, каде се одржуваше настанот, одговори на ова со свиркање, пцовки и фрлање шишиња на сцената, бркајќи го бендот „Без име“ за да на нивно место дојдат Фламингоси.

Епилогот на овој спор беше дека Србија и Црна Гора не испратија никого на Евросонгот во Атина, а на териториите на две држави има популарна теза дека со овој инцидент започна распаѓањето на државната унија на Србија и Црна Гора.

Втор пат за неколку дена, Дончиќ разнесе прашина објавувајќи го ова видео на социјалните мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *