Џастин Бибер ја напушти својата сопруга?

3 февруари, 20200
justin

Иако канадскиот миленик на жените, 25-годишниот Џастин Бибер на почетокот од минатиот месец во живо на Инстаграм изјави дека ужива во бракот и не може да дочека да стане татко со 22-годишната сопруга Хејли Болдвин која според најновите пишувања е бремена, се чини дека кај младиот пар сепак е „густо“. Имено, порталот „Stars“ пренесува дека пејачот страда од ненадејни промени во расположението поради тешката лајмска болест и одлучи да ја напушти својата сопруга заради неодамнешниот излив на бес.

„Драмата меѓу нив е бескрајна“, ja започна својата исповед анонимниот извор. „Тие се расправаат за најмали ситници и генерално незначителни детали. Поради непрекинатите расправии станаа емотивно недостапни, и бидејќи Џастин страда од Лајмска болест, работите се влошија “, откри извор кој тврди дека расправијата околу неговото закрепнување е капка што ја прелеа чашата. „Манекенката сакаше да излезе со своите пријатели една вечер, на која Џастин едноставно експлодираше со љубомора и завист. Тој смета дека Хејли треба да поминува повеќе време дома за да може подобро да се подготви за мајчинството и да може да се грижи за него. За него е незамисливо да може да се опушти и да ужива во забавата додека тој седи дома’, и, како што рече изворот близок на парот, таа не останала должна. „Таа целосно го загуби трпението и му даде до знаење дека ако работите не му одговараат, тој може да си замине слободно затоа што таа е негова сопруга, а не неговата мајка“, заклучи изворот, велејќи дека пејачот го напуштил својот семеен дом во Лос Анџелес.

Треба да се истакне дека од славната двојка сè уште нема никаков коментар, па не може со сигурност да се каже колку сето ова е вистина. Потсетуваме, Бибер се во брак веќе некое време. Првото „да“ тие го кажаа во 2018. година, но кон крајот на септември решија да го повторат тоа пред Бога и нивните семејства и пријатели во Јужна Каролина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi