6 април, 2020

Радио

Џастин Бибер, светски популарниот пејач кој во последно време ја отвара својата душа и по многу скандали и проблеми, конечно живее мирен живот. Откако се ожени со моделот Хејли, тој сфати кои се вистинските вредности на животот, па реши да ја раскаже својата приказна во кратки документарни видеа што ги сподели со фановите. Додека сите зборуваат за неговото здравје и брачниот живот, Џастин, во неодамнешното интервју за „Apple Music“ зборуваше за помладата колешка, 18-годишната Били Ајлиш,  која во моментов е во екот на својата кариера.

View this post on Instagram

stream changes

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

Зборувајќи за Били, на Џастин му потекоа солзи. Причината за ова е фактот дека таа во моментот е во фазата во која и тој беше пред неколку години, тргна на погрешен пат и падна во темната страна на музичката сцена. Токму ова е причината зошто тој не сака ова да и се случи неа. „Нека прави по свое. Ако некогаш и требам, ќе бидам тука за неа. Сакам да ја заштитам, не сакам да се загуби. Не сакам да помине низ ништо што ја поминав, не сакам некој да минува низ тоа. Ако и требам, одалечен сум само еден повик “, тој со солзи раскажа и ја изненади млатата музичарка која доминираше наовогодинешнот Греми, освојувајќи пет награди.

View this post on Instagram

FIVE ARE YOU KIDDING

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish) on

Набрзо по излегувањето од интервјуто, Били исто така реагираше, не можејќи да верува колку поддршка доби од нејзиниот колега. Имено, за неа, ова е исполнување на сонот, со оглед на тоа дека никогаш не криеше дека е негова огромна обожавателка. Таа одлучи да го сподели споменатото интервју на своите социјални мрежи, додавајќи своја фотографија од моментот кога нејзината соба била залепена со неговите постери и кога носела маица со неговиот потпис. Потсетуваме, тие се запознаа во живо дури минатото лето, што за неа беше незаборавно искуство.

Остави коментар

Почетна // Забава // Џастин Бибер во солзи поради друга девојка – „Сакам да ја заштитам“
Горе