ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ ВО ОДЛИЧНО ЕСЕНСКО ИЗДАНИЕ! Ова е единствениот мантил кој ќе го посакате оваа сезона

1 октомври, 2020
lopez

Џенифер Лопез позната по своите стајлинзи кои се ефективни, елегантни, но и гламурозни – во зависност од пригодата.

Но, овој пат познатата пејачка на својот Инстаграм профил објави две фотографии на кои е само во есенско палто, една крем боја, и една темно зелена, кои изгледаат едноставни и спортско елегантни .

Латино дивата, која неодамна и драстично ја смени фризурата изгледа апсолутно совршено во овие парчиња облека, а сигурни сме дека, по овие фотографии, секоја жена ќе ги посака во гардеробата оваа есен, поради убавината и бојата , а исто така и поради фактот што се вклопуваат скоро со сè!