Џоковиќ го „разнесе“ Федерер во финалето на GOAT: Најголемото гласање за најдобар играч на сите времиња заврши!

6 јуни, 20200
dzokovic

За време на карантинот, Eurosport го организираше најголемото тениско гласање со цел да се реши дилемата за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња. На гласањето во кое учествуваа милиони, Новак Џоковиќ победи во финалето против Роџер Федерер.

Кога се собраа гласовите, Џоковиќ имаше огромен дел од гласовите на негова страна, дури 900.289. Во однос на тенисот, тоа беше околу 6:0, 6:1 – беше посочено на веб-страницата на Eurosport.

Да потсетиме, Новак Џоковиќ освои 17 Grand Slam титули, три помалку од Роџер Федерер, кој е рекордер во тој поглед. Но, 33-годишниот Новак води во меѓусебни дуели против Швајцарецот со 27:23, што го истакна и Пат Кеш, легендарниот победник на Вимблдон од 1987 година, кој смета дека Федерер не е ниту втор најдобар во сите времиња и дека Џоковиќ е првиот, а вториот  е Надал.

На патот до финалето, Новак најпрво го елиминираше Род Лејвер, единствениот тенисер во историјата на Open ерата кој ги освои сите четири Grand Slam титули за една година,за да има повеќе гласови од Рафаел Надал во полуфиналето, и конечно го „исчисти“ Роџер Федерер во финалето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi