Џорџ Клуни откри трик со кој неговите деца ќе бидат мирни до Божиќ

21 декември, 2020
6dccc0bc-f364-4e9e-8806-f085afd2ba2b

Човекот кој со години беше прогласуван за најпосакуван ерген сега е посветен на семејниот живот и воспитувањето на неговите тригодишни близнаци. Станува збор за Џорџ Клуни, кој неодамна се пофали дека веќе ги научил своите малечки неколку шеги кои редовно ги шокираат странците. Но, сега, како гостин во емисијата The Late Show со Стивен Колберт, тој откри вистински Божиќен трик за родители.

Како што вели, кога имате тригодишни деца, се обидувате да ги смирите цело време. Тој исто така се пошегува дека луѓето кои тврдат дека е тешко да се одгледуваат двегодишни деца „веројатно никогаш немале тригодишни деца“. “Затоа, најдов начин да ги натерам да се однесуваат убаво до Божиќ”, рече Клуни, објаснувајќи: “Кога спијат наутро – и спијат во иста спална соба – по некое време тие почнуваат да испуштаат различни звуци и да се расправаат. Можам да ги слушнам како се расправаат еден со друг … Потоа застанувам пред вратата и велам: „Ах, еј, здраво, Дедо Мраз!“ Секако, овој актерски махер мислеше на сè, па се погрижи убедливо да изигра монолог помеѓу него и Дедо Мраз, пишува Денес. Како што се очекуваше, Дедо Мраз објасни како дошол само да провери дали децата се добри, да знае дали ќе им подготви подароци.

„Кога ќе ја напуштат просторијата, тие се однесуваат неверојатно добро“, откри Клуни.

escort - Korsan taksi