Еден од најголемите бунтовници и херој на многу генерации: Достигна статус на божество но неговата ликвидација сеуште крие мрачна тајна

10 октомври, 2020
Screenshot_4_1000x0 (1)

Легендарниот герила и револуционер, најважниот соборец на Фидел Кастро, аргентинскиот лекар Ернесто Че Гевара, останува запаметен, засекогаш.

Класичниот портрет на Че, со црна беретка на главата и спокоен поглед кон далечината, дело на фотографот Алберт Корда, стана симбол на протест во многу делови на светот во 60-тите години на минатиот век против „американскиот империјализам“ и материјализмот на западното капиталистичко општество.


Без разлика дали е на маица, на постер во студентска соба или како тетоважа на надлактицата на Диего Марадона, тешко дека има пораспространета слика во светот од Че Гевара со беретка. Изваден од својот историски контекст, тој стана симбол на бунт кај младите, истовремено служејќи како алатка за маркетинг на капиталистичките компании кои лансираат нови производи или привлекуваат нови корисници со својот имиџ. Со тоа Че стана најважниот експонент на револуционерниот романтизам, иако тој лично водеше стотици егзекуции во кубанските затвори по победата на револуцијата во 1959 година. Тој еднаш го опиша револуционерниот дух како „бескомпромисна омраза кон непријателот, што го претвора човекот во ефективна, насилна и ладнокрвна машина за убиство“.

Че често ја критикуваше огромната советска бирократија и неподготвеноста на СССР да ги поддржи револуционерните движења во земјите од третиот свет. Потоа се појавија гласини за конфликт со Кастро, а како што Че исчезна од јавниот живот, се зголемија шпекулациите дека водачот на револуцијата го погубил. Подоцна се дозна дека Гевара отишол во Конго за да ги поддржи тамошните герилци во борбата против прозападните платеници.

Фрустриран од корупцијата и слабиот борбен дух на конгоанските револуционерни водачи, Че се врати во Куба во март 1966 година. Неколку месеци подоцна, тој веќе беше во Боливија. Но, тој не знаеше дека боливиските војници, инаку слабо опремени и обучени, имаа голема помош од ЦИА и американски експерти против герилците. Тој беше ранет во битка со боливиските војници на планинскиот југоисток од земјата и жив заробен.

escort - Korsan taksi