Едноставни трикови за да заштедите пари

24 април, 20200
pari

Кога пандемијата ќе заврши ќе се вратиме на нашите секојдневни обврски. Ако ништо друго, пандемијата барем не научи дека можеме да живееме без многу работи за кои претходно сме мислеле дека ни се неопходни.

Но, работите брзо се забораваат, па така и скромноста ќе исчезне заедно со вирусот.

Еве неколку трикови како да заштедите пари во нормални услови

Поставете си цел

Поставете си мала, реална цел и почнете да штедите. Тоа подоцна ќе ви премине во здрава навика. На пример, ако знаете дека летот за некоја дестинација за одмор ќе ве чини 200 евра, зошто не почнете да штедите по 15- 20  евра неколку месеци порано?

Користете касичка за пари

Постојат неколку онлајн провајдери за банки кои ви прават касичка за пари. Таму се складира ситниот кусур кој ви останува при секоја трансакција. Ако ја чувате складирана, на крајот од месецот ќе се собере одредена заштедена сума на пари.

Правете си јадење од дома секој ден

Постои голема разлика во потрошувачката ако храната која ја јадете на работа ја нарачувате или ја подготвувате дома. Обидете се да си ја подготвувате храната од дома и ќе ја забележите разликата.

Она што е важно за штедењето е тоа дека штедењето не важи исто за сите. Никогаш немојте да се споредувате со останатите и со нивните финансии. Дури и најмалите промени можат да бидат од големо значење за вашиот живот!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *