Елен Деџенерис плати 49.000.000 долари за нова вила! Погледот ќе ве остави без зборови!

7 декември, 2020
ellen-degeneres-portia-de-rossi-830x0


Познатата водителка купи нова вила во Монтесито, чија цена во 2006 година беше 11 милиони долари


Американската водителка Елен Деџенерис (62) и нејзината сопруга Портија Де Роси (47) платија 49 милиони долари за новиот имот во Монтесито, Калифорнија, во близина на вилата на принцот Хари и Меган Маркл.

Имено, уште во октомври стана познато дека водителот на „Saturday Night Live“, Денис Милер и неговата сопруга го продаваа имотот во Монтезит за 49 милиони долари во готово.

Во тоа време, имињата на новите сопственици не беа познати во јавноста, а сега се дознава дека мистериозни купувачи се Елен и нејзината долгогодишна партнерка.

Веќе е познато дека Елен често купува скапи недвижнини, а ова е една од најскапите досега. Купува вили по пониска цена, ги реновира и ги продава по повисока цена на холивудски милијардери и познати личности.
Таа неодамна купи вила во Монтесито за 27 милиони долари, а неколку месеци подоцна ја продаде за 29 милиони, со што за кратко време заработи 2 милиони долари.


Освен што 62-годишната sвезда ќе биде сосед со принцот Хари, Меган Маркл и малиот Арчи, нивниот имот е во близина на вилата на Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум, кои во октомври купија луксузен објект со поглед на океан за 14,2 милиони долари оваа година.

Имотот на Елен е распространет на 4,3 хектари земја, додека главната куќа има 836 м2 и е украсена во холандски стил. Веднаш до неа се наоѓа куќичка пред базенот, која се користи како бар, потоа голема гаража, куќа за гости и уште неколку други објекти.

Покрај базенот има големо езеро со рибник, како и патека за шетање во природа.

Поранешните сопственици Милер и неговата сопруга живеат во оваа куќа од 2006 година кога ја купија за 11 милиони долари, па сега ја зголемија цената за 38 милиони долари, што е една од најголемите разлики во цената досега.

Имотот никогаш не бил на јавна продажба, но на фотографиите на Елен и Портија можете да видите како изгледа куќата.

Таа е пространа, со светла, со високи тавани, отворена кујна, мермерни подови, големи стаклени прозорци низ кои влегува природна светлина, додека пред вилата има градина со палми и други тропски растенија.

escort - Korsan taksi