Елон Маск ја објасни својата врска со Гримс и сето тоа благодарение на Кајли Џенер

14 мај, 20200
elon-grimes-kylie-meme-697x350

Откако Елон Маск и Гримс ја објавија веста за своето ново, инаку трето дете по ред на 5 мај годинава, почнаа да се вртат многу шпекулации за нивната врска.

Пред се Елон Маск е извршен директор и сопственик на фирмата Тесла, додека пак Грамс, чие вистинско име е Клер Бушер, е канадска пејачка позната по својата езотерична поп музика. Обајцата се активни корисници на Twitter, каде всушност и се запознале имајќи заедничкиот интерес – вештачка интелегенција.

Кога за прв пат се појавија заедно во јавноста, во мај 2018, предизвикаа лавина на мемиња од новните следбеници.

Две години подоцна , откако двојката го претстави своето дете, кое инаку носи име

X Æ A-12, Муск објасни како нивната врска стигнала до таму каде што е благодарение на мемето на Кајли Џенер.

Мемето е со слика на Кајли како го држи својот труднички стомак и вели: „Следното што знам е дека сум бремена“ и наслов на фотографијата „Кога ќе видите дечко кој носи Sketchers патики кои светат“. Маск го споделил ова меме на Twitter и при тоа искоментарал “ Баш тоа и се случи“.

И покрај тоа што помина само една недела од приновата, Маск се врати на работа – поради што може да биде уапсен за кршење на наредбата за седење дома според законот на округот Аламеда. Производството на возила беше прогласено како не есенцијално од страна на државата Калифорнија во однос на тоа кои индустрии може да работат додека трае периодот на здраствената криза.

И покрај оваа наредба Елон Маск реши да ги отвори своите фабрики следејќи ги подетално државните насоки и предупредувања па дури и се закани дека ќе ја пресели својата Тесла фабрика во друга држава доколку одлуките и мерките не се променат.

Иако државата Калифорнија го одобрила реотварањето на фабриките, според Маск некој неофицијален државен службеник од округот Аламеда нелегално ја преиначил истата одлука.

Одлука за реотварање на фабриката наиде на одобрување од страна гувернерот на Калифорнија Гавин Њусон па дури и од претседателот Доналд Трамп, кој на Twitter напиша: „Калифорнија треба да му дозволи на Елон Маск и на Тесла да ја отворат фабриката и тоа ВЕДНАШ. Тоа може да се направи брзо и безбедно“.

На ова Маск му се заблагодари на претседателот и при тоа им одговори на своите подржувачи дека е добра работа кога гувернерот на Калифорнија и претседателот на САД се на твоја страна.

Сопственикот на компанијата претходно објави: „Тесла започнува со производство денес и покрај одлуката на округот Аламеда. Ќе бидам на линијата со другите вработени, а ако некој треба да биде уапсен поради ова тогаш барам тоа да бидам јас“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi