Елтон Џон на судење со неговата поранешна сопруга

27 јуни, 2020
Annotation 2020-06-26 225251

Рената Блауел, поранешната сопруга на Елтон Џон, поднела правни мерки против својот некогашен сопруг. Причината за одење на суд не е позната, а други медиуми велат дека адвокатите на музичарот цел случај го држат во тајност.

Како што изјавуваат “The Guardian”, ова е прв пат Блауел јавно да изјавува за врската со Елтон Џон, уште од нивниот славен развод во 1988 година. По разводот Елтон призна дека е геј и се зема со својот сегашен сопруг.

Неговата поранешна сопруга, од друга страна, не била тема на заинтересираност во јавноста се до предходната година, каде беше објавен филм “Rocketmen”, каде глуми и таа.

Според изворите на спомнатите медиуми, Рената, Елтон Џон го навела како тужен, а се претпоставува дека се има врска со споменатиот филм и неговата неодамна објавена книга “Me, Elton John”- во кој како што тврди “The Guardian”, била нарушена нејзината приватност.