Еве како кралското семејство реагираше на веста дека Меган Маркл го изгуби бебето…

26 ноември, 2020
fddb72a0-7d43-4ed6-bf23-39af5b9e984b (1)


Кралското семејство не сакаше да даде официјално соопштение откако Меган Маркл во едно интервју призна дека го загубила бебето ова лето по спонтан абортус, но извор близок до нив изјавил дека се тажни поради веста.

Од палатата соопштија дека веста е многу приватна и сметаат дека не треба да коментираат за ова прашање. “Кралското семејство беше запознаено со сè, Хари беше во постојан контакт со нив. Тие ги поддржуваа во тој тежок период и беа таму со нив”, рекол изворот. “Тие се такви. Тие не сакаат да зборуваат премногу за своите проблеми или да ги објаснуваат”, додаде тој.

Да потсетиме, Меган во една статија што ја напиша за „Њујорк Тајмс“ призна дека принцот Хари бил толку уништен што едвај се справувал со тоа. Таа претрпе спонтан абортус додека го држеше својот прв син Арчи во рацете. “Тоа беше јулско утро, кое започна како и обично како и сите други. Правиш појадок. Ги храниш кучињата. Земаш витамини. Го бараш оној чорап што недостасува. Ја земаш боицата што се стркала под масата. Ја врзуваш косата во опашката пред да го извлечеш синот.” откако му ја сменив пелената, почувствував остра болка. Слегов на подот со него во рацете, потпевнувајќи приспивна песна за да не смири двајцата, веселата мелодија беше силен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред додека го држев првото дете, да го изгубам второто “, опиша таа.

escort - Korsan taksi