Еве зошто треба да ги чувате малите силиконски гелни ќесички!

16 април, 20200
силикон

Ги знаете оние мали силиконски гелни ќесички кои ги има и во пакувањата со тортиљи, во новата чанта, или во се што некогаш ќе купите?

Епа, тие всушност се многу корисни. Сите знаеме дека не треба да ги јадеме (предупредувањето не може да биде поголемо!), но освен тоа, некако не сме се заинтересирале повеќе за нив.

Овие мали ќесички се полни со силикон диоксид кој ја отстранува влагата и ги чува работите суви. А еве неколку дополнителни корисни намени на ќесичките.

1. Го продолжуваат траењето на бричевите

Влагата може да направи бричот да се расипе брзо. Затоа, ставете неколку силиконски пакетчиња во кутија и чувајте ги бричевите таму.

2. Сушат мокар мобилен телефон

Сите знаеме дека треба да се реагира брзо ако телефонот се натопи. Исушете го телефонот со крпа најмногу што можете и отстранете ја сим картичката. Потоа ставете го во пластична кеса полна со силиконски пакетчиња.

3. Одмаглете го ветробранското стакло

Ова е импресивно. За да го заштитите ветробранското стакло од утринско замаглување, ставете неколку силиконски пакетчиња под стаклото од внатрешната страна на автомобилот. Така, болните утра чекајќи го автомобилот да се одмагли, ќе престанат.

4. Ја штитат вашата шминка

Само ставете силиконско пакетче во вашата торба со шминки за да спречите производите да се скршат или стопат во жешките денови, или додека патувате.

5. Во кутии за складирање

Ако имате големи пластични кутии во кои чувате важни документи, мината работа, или било какви домашни предмети, ставете неколку силиконски пакетчиња во кутиите за да се апсорбира влагата.

6. Се грижи за вашиот багаж

Ставете неколку пакетчиња на дното на куферот за да се апсорбира влагата, но и да ги заштитите вашите облеки од влажност додека патувате.

Секако, доколку имате силиконски пакетчиња дома, чувајте ги на безбедно место, далеку од дофат на деца и миленици. Не би сакале по грешка да изедат некое пакетче!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi