Фејсбук група каде што можеш да бидеш мравка во колонија!

23 април, 2020
мравки

Доколку имате повеќе слободно време во oвој период на изолација, ништо не ве спречува да бидете мравка во колонија.

Макар и во онлајн светот на Фејсбук

Групата на Фејсбук  “A group where we all pretend to be ants in an ant colony”  зборува сама за себе.

Описот на групата дава детални упатства. “Во оваа група сите сме мравки. Ја обожаваме матицата и правиме мравкини работи. Добредојде во колонијата ”.

Групата брои дури 870 000 членови.

Интересно е што во оваа група наместо коментари се ставаат фотографии од мравки.