ФУДБАЛСКА БОМБА КОЈА НИКОЈ НЕ ЈА ОЧЕКУВАШЕ! Стигна понуда за Кристијано, се враќа на Островот?

17 јуни, 2020
Annotation 2020-06-16 213935

Каква фудбалска бомба… Кристијано Роналдо би можел ова лето да го напушти Јувентус и да се врати на Островот, бидејќи Челзи за него прати неверојатна понуда.

Медиумите на Островот пишуваат дека Челзи понудил дури 120 милиони евра како би го довел Португалецот во Лондон.

Шпекулациите почнаа оној момент кога италијанските медиуми јавија дека Јуве ќе проба да ги намалува договорите на фудбалерите за следната сезона, а се поради пандемијата на корона вирусот.

Газдата на “сините” Роман Абрамовиќ реши да се “отвори”, нема да ги жали парите во овој преоден рок, а на неговиот список е и Роналдо.  

Кристијано некогаш го носеше дресот на Манчестер јунајтед, а останува да видиме дали сега ќе го облече дресот на Челзи.