Големата тајна ја криел две децении: Холандскиот крал водел двоен живот, а никој не успеал да го препознае!

20 мај, 20200
крал 2

Холандскиот крал Вилем Александер пред седум години ја наследил круната од мајка му, кралицата Беатрис и иако уште од мали години бил под лупа на јавноста, се чини дека успеал од соѓраганите, но и од светот да сокрие некои детали од приватниот живот.

Сепак, пред некое време решил да ја открие тајната која ги шокирала сите.

Тој пред три години во едно интервју открил дека веќе дваесет години барем два пати месечно лета со авион, но не како патник, туку како копилот на комерцијални летовои.

– Чувството е фантастично. Ова лето ќе учам да управувам со Боинг 737- изјавил тогаш Вилем Александер.  

Холандска авиокомпанија потврдила дека кралот често пилотирал со нивниот капетан и тоа на летови за Германија, Велика Британија и Норвешка, а во неколку прилики управувал и со владини службени летала.

– Патниците ниту еднаш не ме препознале до сега, но некои можеби се посомневале заради мојот глас, иако никогаш не им се претставувам- рекол холандскиот крал.

Тој навел дека летањето го опушта повеќе од било што друго и се надева дека наскоро ќе може да патува до подалечни дестинации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi