И СЕ СМЕЕВМЕ НА ФИБИ, А ТАА ИМАШЕ СТРАШНА БОЛКА: Лиза Кудроу откри зошто никогаш нема да ја гледа серијата „Пријатели“

7 октомври, 2020
фиби


Сите овие години, Лиза Кудроу ја криеше својата болка поради „Пријатели“.

Актерката Лиза Кудроу имаше толку сериозен проблем што не сакаше да ја гледа серијата, само за да избегне да се види себеси во неа.

Иако ја славеше улогата на Фиби Бафет во „Пријатели“, Лиза имаше многу помалку самодоверба од лудата Фиби. Страдаше секој пат кога одеше на снимање, не можеше да ги гледа нејзините слики во списанија, настапи на телевизија… Сето тоа беше последица на нарушувањето што го разви додека ја снимаше серијата.

Отпрвин мислеше дека е „преголема“ во споредба со пониската Џенифер Анистон и Кортни Кокс.

“Бев повисока и поголема. Покрај нив, се чувствував како планина”, рече Лиса.