Имала и подобри изданија, но за ова скапо плати! Џеј Ло потроши 13.641 долари за тренерка и торба!

21 декември, 2020
tan2019-9-8258518010-830x0


Пејачката носеше многу скапа „Hermes“ чанта во комбинација со тренерка „Les Tien“, а целата облека чини како нечиј нов автомобил


Американската актерка и пејачка Џенифер Лопез (51) беше фотографирана вчера во Беверли Хилс, каде оствари средба со дерматолог, а по тој повод носеше нереално скапа комбинација.

Имено, пејачката овие денови често одеше на дерматолог, па сите мислат дека подготвува нов производ со својата нова козметичка линија „J LO Beauty“.

Латино дивата беше фотографирана многу добро расположена, а изгледаше многу освежено и убаво во тренерки и патики.

Музичката sвезда носеше зелена тренерка и црни очила за сонце што и го покриваа половина од лицето, додека другата половина од лицето беше покриена со нејзината заштитна маска, со оглед на тоа дека пејачката е многу одговорна за време на пандемијата на вирусот корона.

Латино дивата носеше патики во иста нијанса на тренерки, ја заврзала косата во пунџа, додека во раката носеше нереално скапа чанта.

Пејачката не штедела, па нејзиниот дуксер „Les Tien“ чини 250 долари, додека долниот дел од тренерката чини 191 долар, но во нашите трговски центри може да се најде тренерка со сличен крој и иста боја за 50 евра.

Нејзиниот црн „Hermes Birkin Togo 40“ чини 13.200 долари, па поради оваа торба целата комбинација стана екстремно скапа, а новите фотографии на Џеј Ло во зелена тренерка можете да ги видите во галеријата во текстот.


Да потсетиме, Џенифер неодамна се најде на удар на критиките поради нејзината висина. Иако сите го фалат нејзиниот изглед, има следбеници кои велат дека пејачката е исклучително ниска и дека главата и е на висината на стоп светлото на џипот што го вози.

Според податоците на Интернет, таа е висока 164 сантиметри, но сите што ја виделе во живо велат дека таа е многу пониска во реалноста.

escort - Korsan taksi