Имиња за бебиња кои станaлe популарни преку имињата на автомобилите!

26 април, 20200
download

Британската страна за помош при купување на автомобил “ChooseMyCar“ направи интересна анализа и откри колку деца родени меѓу 2000 и 2018 година имаат исто име како марка или модел на автомобил. Студијата покажа дека има повеќе од 900.000 илјади такви деца. Така, откриено е дека има деца со целосно невообичаени имиња како што се Лексус, Порше, Лотус, Меган, Зафира, Астра, Клио, Алфа, Нисан, а во последно време многу популарно име е Тесла.

Најчести, сепак, се вообичаени имиња кои се идентични со имињата на автомобили. Ретко кој помислил на автомобил кога му дале име на детето Морган, Остин, Купер … Остин, на пример, е традиционално име и постоело пред автомобилот, па не е ни чудо што од 2000 до 2018 година, дури и во САД и Велика Британија има околу 177.644 луѓе со име Остин.

Исто така, не изненадува што има 174.595 деца со име Купер, 132.696 се викаат Морган. Од друга страна, егзотичните имиња на автомобили за деца се поретки. Така, меѓу децата Субару се само пет, како и оние кои се викаат„Шевролет“. Има 14 Мегани, 23 Ферари, 29 Нисан и ист број на Јагуар.

Дали вие би го крстиле вашето дете според вашиот омилен автомобил?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *