Ирина и Бредли фатени повторно заедно!

4 февруари, 20200
irina

Иако веќе извесно време е познато дека поранешните партнери, 45-годишниот американски актер Бредли Купер и руската манекенка Ирина Шајк останаа во добри односи по нивното раскинување заради нивната двегодишна ќерка Леа, неодамна се појавија гласини дека постои можност да се помират. Имено, во неделата по доделување на наградите БАФТА, актерот и манекенката се забавуваа заедно.

И покрај тоа што се појавија одделно на церемонијата на доделување на наградите, Ирина и Бредли по церемонијата се упатија на официјалниот „after party“ на британскиот магазин „Vogue“, каде што фотографите ги фатија додека уживаат во меѓусебното друштво. Фотографиите набргу потоа завршија на официјалниот профил на британскиот таблоид. Поранешната двојка изгледаше среќно, а нивните насмевки не им излегува од лицето, што предизвика вистинска лавина на шпекулации дека помирувањето е на видик. Патем, манекенката неодамна изјави за странските медиуми дека нејзината улога како самохрана мајка и деловна жена тешко и паѓа, што обожавателите го протолкуваа како сеќавање за некои подобри времиња додека била со Бредли. „Верувајте ми, има денови кога се будам и помислувам, „Ох Боже, не знам што да правам, се распаѓам“.

Потсетуваме, актерот и манекенката се запознаа во 2015. година, а својата врска долго време вешто ја криеја од очите на јавноста. Љубовниот колапс се случи веднаш по минатогодишното доделување на „Оскарите“ кога многу луѓе се сомневаа во аферата на Бредли со пејачката Лејди Гага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi