Испливаа нови детали за расправијата меѓу принцот Хaри и Вилијам: Еве кој ги вмешал прстите!

19 јули, 20200
Annotation 2020-07-19 163051

Иако принцот Чарлс и принцезата Дијана дадоа се од себе за синовите да им бидат еднакви во се, старите членови на семејството и послугата им работеа зад грб

Нов документарен филм за животот на принцот Вилијам и принцот Хари открива сè за нивното детство и за начинот на кој ги воспитувале принцот Чарлс и покојната принцеза Дајана. Внимателно чуваните тајни на Британското кралско семејство сега се појавија во јавноста.

Имено, иако покојната принцеза Дајана и принцот Чарлс решија да ги воспитаат своите синови на ист начин, дека и принцот Хари ќе ги има истите можности како неговиот постар брат кој ќе стане крал, во ова се замеша кралицата Елизабета Втора.

Тие тврдеа дека Вилијам е нивната иднина, тоа што го прават Чарлс и Лејди Ди нема смисла, па со сите сили тие се трудеа да му обезбедат подобро образование.

 Покрај тоа, Вилијам поминуваше повеќе време со својата прабаба.

Извори блиски до кралското семејство откриваат дека кавгите меѓу Хери и Вилијам траат со години – од времето кога принцот Хари започнал да се дружи со Меган Маркл.

Иако се шпекулираше дека браќата ги смирија односите кога принцот Хари ја посети Велика Британија, извор откри за списанието „People“ дека тоа не е точно.

„Тие не беа во добри односи, но сега им е полесно.“, рече изворот, кој верува дека им се допаѓа оваа далечина.

„Можеби Меган и Хари не размислуваа кога требаше, но сакаа да бидат среќни. Кој може да ги обвини за тоа?“, заклучи изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi