Издвоивме 10 видови на луѓе за време на коронавирусот, и сите се иритирачки. КОЈ ТИП СТЕ ВИЕ? :)))

6 април, 20200
koronaaaaaaaaa

Во последниве неколку месеци, никој не зборува за ништо друго освен Коронавирусот. Последниве месец дена, никој не чита ништо друго освен вести за Корона.

Последниве месец дена нашиот живот е Корона. Дали ја има или не.

Во целата приказна зa Корона се појавија различни видови на луѓе во поглед на тоа како реагираат и шират информации на други луѓе.

Ви ги прикажуваме 10 типа на луѓе меѓу кои ќе се најдете и себеси.

1. Типови на луѓе што праќаат 100 корона мемиња на ден

Не постои особа која има Интеренет а нема пратено макар 10 мемиња за Корона, ама овој тип во Корона мемињата гледа причина за постоење. Следи Се што е на Интерент и е крал на мемињата. Без разлика на оваа титула, секогаш доцни со форите и од него можеш да добиеш меме што бил хит минатата среда, а сите знаеме дека тоа во мемевско време со други зборови значи п.н.е.

2. Тип на кој ова се му е супер бидејќи ‘Јас сум интроверт’

Во 90% од случаевите ова е човек без живот, без девојка и без пријатели кој мисли дека тоа е така по сопствен избор па затоа се нарекува себеси интроверт, му звучи покул. Му се допаѓаат мемиња за тоа како за него ништо не е променето откако е во карантин, ама нема на кого да ги прати па ги објавува на Facebook каде добива 2 лајка, од мајка му и стрина му од Канада.

3. Тип кој кога и да се појави кашла и вика Само што се вратив од Италија“

Оној лик кој секогаш последен ја сфаќа финтата. Извонреден смисол за хумор.

4. Тип кој не верува во Корона (обично „flat Eаrther“ и антивакцинист)

Теории на заговор се негова религија. Овој лик знае дека сетоа ова е лага лансирана од  најголемата светска индустрија за маски за лице, и тој е тука да ги разоткрие тие корона профитери.

5. Пасивен агрисен параноик

Има излив на бес секој пат кога ќе види некој како шета на улица без маска на лице, како и кога комшијата ќе му мафне од балкон. Секој ден објавува статуси во кои зборува дека сите што излегуваат се дебили. Споделува постови за тоа како се мијат раце како и податоци за новите смртни случаи на кои обавезно коментира „Така и ни треба кога сме говна.

6. „Како сега да си го шетам кучето лик

7. Тип кој едвај има завршено основно, ама Корона од него направила доктор. Епидемолог и геополитичар.

Знае Се за тоа како се пренесува Ковид 19, како и што ни носи иднината. Користи изрази како „експоненцијалнен раст и „социјално оддалеченост, само има проблем да ги изговори.

8. Лик кој гледа прилика за бизнис

Е сега знаете што треба, да се вложи во некои респиратори ова она, таму се сега парите. И во маски исто, ама ефтини се и секој може да ги направи, ама респиратор, е таму се парите.

9. Веган

Гајле му е што умираат луѓе. Среќен е што „Земјата дише. А и сега конечно знаете како им е на затворените животни.

10. Тип чиј колега има сестра; епа комшијата нејзин има шура што работи во Милано и така има информација од прва рака

Типот вика: некои луѓе умреле. Проверена информација. 99%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *