Како да заспиете за 90 секунди?

16 април, 20200
спиење

Нема ништо полошо од тоа да лежите во кревет, да гледате во таванот, очајно сакајќи да заспиете, но колку повеќе се обидувате, толку побудни станувате.

Треба да го пробате овој едноставен и лесен трик- а оние што го пробале велат дека со сигурност ќе заспиете за миг.

Трикот со дишење “4-7-8”, попознат како “релаксирачки здив” се вели дека има врз нашиот мозок ефект сличен како хемиски, на начин што го успорува ритамот на срцето и ве тера да заспиете.

Како да го направите? Едноставно.

Вдишувајте четири секунди низ нос.

Задржете го здивот седум секунди.

Издишувајте осум секунди.

Повторувајте ја процедурата сè додека не заспиете.

Многумина кажуваат дека не им требало многу време за да заспијат.

“Ве облева како некој смирувачки, релаксирачки лек. Не можам да се сетам дека ми требало повеќе од едно повторување за да запијам”, изјавила една девојка која го практикува овој метод на заспивање.

“Го правам ова во минативе 3 ноќи (имам ужасна несоница) и искрено, делува!”, напишал извесен Алекс Тејлор на Фејсбук.

Па, што чекате? Обидете се!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi