Како изгледа денес најубавото девојче на светот од 2010та година?

31 март, 2020
де

Нејзиното име можеби не ви е познато, но нејзината фотографијата од пред околу 10 години сигурно некогаш ви го привлекло вниманието.

На свои 6 години, таа за кратко време стана светска сензација затоа што беше прогласена за најубото девојче на светот, а како изгледа сега? Малку повеќе од десет години подоцна …

Тилан Блонду беше главна тема пред 10 години. Сите гледаа и се прашуваа кое е ова мало девојче што е прогласено за најубаво на светот. Во тоа време имаше само 6 години, а магазинот „Vogue“ и ја даде оваа ласкава титула. Taa беше на насловната страница на нивното списание Vogue Enfants и го воодушеви светот. Некои се восхитуваа на нејзиниот изглед, други беа разочарани што толку мало девојче е веќе  изложено на таков начин во јавноста.

View this post on Instagram

17 !!!!!! 💋🎊🎁🎂

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau) on

Денес, Тилан е тинејџерка која има 18 години – таа сè уште е многу толку убава.

View this post on Instagram

😊

A post shared by Thylane 🦋 (@thylaneblondeau) on

Се занимава со фотомоделство и снима модни едиторијали и кампањи за разни брендови, се појавува на модни ревии на некои од најпознатите модни куќи како што се Dolce&Gabbana или Isabel Marant, а има лансирано и сопствен моден бренд Heaven May.

На Инстаграм ја следат дури 3,4 милиони, а поради тоа што води нормален живот, без драма и лудост, какви што има во животот на другите познати личности, за неа не се зборува толку често.