Каква СТРАШНА ТАЈНА КРИЕ ЗАМОКОТ каде што е родена Кралицата Елизабета!?

8 јуни, 20200
zamok

Замокот Гламиш во Шкотска, освен што се смета дека е опседнат со духови, крие и мрачни тајни за британската кралска фамилија. Легендата кажува дека тука живее монструозно суштество Ерл од Гламиш.

Замокот Гламиш, западно од Форфара во Шкотска, познат е по тоа што во него Магбет го убива Данкан од Шекспировото дело, а во 1034 година на истото место ќе го убијат шкотскиот крал Малком втори. Гламиш во детството бил дом на британската кралица Елизабета Втора како и на нејзината мајка, а во него е родена и принцезата Маргарета.

Повеќе од два века, ова здание го следат приказни за “тајната одаја” во која е затворено стравично деформирано суштество, машки потомок на фамилијата Bouis-Lion, еден од наследните ерл-ови Стратмор, роден околу 1800 година, а умрел најрано во 1921 година – и тоа доколку умрел, бидејќи на ова скоро неземско суштество му се припишуваат натприродни моќи.

Страшен ѕвер од мрачна соба

Англискиот научник и криптозоолог Џонатан Даунс, директор на Центарот за напредна зоологија, посебно е заинтересиран за легендата за “страшниот ѕвер од тајната соба” и за тоа кажува: “Легендата вели дека монструмот наводно изгледа како огромно млитаво јајце, без врат и само деформирани раце и нозе, но поседува неверојатна сила и зло во себе. Извесно, тоа е фамилијарна тајна која единствено се раскажува во Bouis-Lion фамилијата и тоа на машкиот наследник.

Тајната се открива само на првородениот син, наследникот на ерл-от од Стратмор кога ќе наполни 21 година.

Во текот на 19тиот и почетокот на 20тиот век имало слични озборувања. Познатиот писател Валтер Скот во 1830 година пишувал за својот престој во Гламиш и како ја осетил мрачната атмосфера. Не го видел монструозното суштество, но потврдил дека постои тајна одаја за која знае само ерл-от но тоа по него е и вообичаено за секој замок.

Несреќен крај за душкалото

Британскиот дипломат Хорас Рамболд кој исто така бил гостин во Гламиш, во 1877 година забележал детали за едно случување од 1850 година, кога 12тиот ерл од Стратмор отишол во лов и ги оставил гостите да и прават друштво на неговата сопруга. Тие со нејзина помош, тргнале да ја бараат скриената одаја, да се качуваат и да ги препроверуваат сите прозори во што и господарот ги начекал бидејќи изненадно се вратил во замокот. Факт е дека дошло до развод и дека грофицата несреќно го завршила својот живот во Италија – додава Рамболд.

Тоа што “видел нешто во аголот” веднаш штом ја открил скриената врата која водела кон некој долг ходник, еден работник од замокот во далечната 1865 година го чинело емиграција во Австралија. Преселувањето му го платил ерл-от откако го убедил да емигрира. Монструозното суштество наводно потсетувало на “жаба со човечки облик”.

Законски наследник на титулата

Мајкл Торнтон, биограф на кралицата мајка, тврди дека за време на посета во Гламиш, на Timoti Bouis-Lion, 16тиот ерл од Стратмор, роден во 1918 година, рекол дека влезот во тајната одаја е заѕидан. Британскиот магазин “Белешки и прашања” во 1908 година означува “крај на легендата” по која пред повеќе од 60 години во тајна соба бил затворен првородениот син, 11тиот ерл, законскиот наследник на титулата, но толку деформиран што неможел да се појави во јавноста.

Дека чудно суштество живеело или на некој начин било присутно во замокот, потврдува и писателот Елиот Одонел кој во 20тиот век, во книгата “Приказни за духовите на Шкотска” ги објавува писмата кои му ги пратила извесна “госпоѓа Бонд” каде го опишува своето натприродно искуство во Гламиш.

Таа била сместена во кулата и само што заспала, се нашла во чудна просторија со високо поставени прозори, тешки драперии, без мебел, а во мрачен агол се придвижило нешто што во неа предизвикало неверојатен ужас.

“Пред мене се создаде одраз на нешто страшно и тоа нешто полека добиваше облик – нозе, човечки, унаказени и криви, искривени раце налик на пајак со искривени прсти, тело повиено и голема глава со масна седа коса која висеше околу набрчканото чело и исправените уши” – кажува госпоѓа Бонд.

“Очите жалосно зјапаа во мене. Тоа монструозно суштество, се приближи повеќе како голема желка која се влечеше како црв но во тој момент каваката на вратата се помрдна, некој влезе, се слушна гласен врисок и јас се разбудив за да сфатам дека целата кула, ѕидови и кровови одѕвонуваат со најужасни крици – додава госпоѓа Бонд.

Timoti Buis/Lion, 16-тиот ерл од Стратмор му кажал на Џејмс Вентворту дека околу сето тоа не знае баш многу и дека приказната умрела со неговиот татко, а можеби и со братот кој погинал во војна. Rouz Bouis-Lion, тетка на кралицата Елизабета втора, сведочела дека во нејзината фамилија немило се зборува за таа мистерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *