Кејт и Вилијам го превземаат кралскиот трон сред пандемија?

30 март, 20200
fd

Пандемијата на коронавирус исто така ја зафати и Велика Британија, поради што кралицата Елизабета е во изолација од пред неколку дена. Со оглед на тоа што Нејзиното Височество е 93 години, вирусот би можел да биде фатален за неа. Затоа, според списанието New Idea, нејзиниот внук, принцот Вилијам (37) е подготвен да ја преземе улогата на поглавар на британското кралско семејство.

„Се очекува дека дворецот ќе ја присили кралицата да се повлече од престолот, со цел монархијата да може да функционира непречено. Кралските експерти веруваат дека поради оваа пандемиска криза, Вилијам ќе мора да дејствува како принц и висок комесар во рок од неколку недели “, изјави извор близок до кралското семејство. Тој додаде дека 38-годишната сопруга на Вилијам, Кејт Мидлтон и 56-годишниот принц Едвард, најмалиот син на кралицата, исто така, би превземале дел од должностите на кралицата.

Потсетуваме, сите членови на кралското семејство се повлекоа во изолација, а кралицата Елизабета го прави тоа во приватна резиденција во замокот Виндзор. Многумина после овие вести се запраша кои кралски должности ќе ги извршува принцот Вилијам наместо на кралицата, кога сите се во изолација и нема јавни настани и собири? Покрај тоа, во кралското семејство постои добро утврдена линија на наследство што Вилијам не може да ја прескокне. Доколку и се случи нешто на кралицата, прв во редот е нејзиниот најстар син и таткото на Вилијам, 71-годишниот принц Чарлс.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi