Кралицата продава алкохол за да го спречи банкротот на палатата!

18 јули, 20200
Annotation 2020-07-18 155546

Откако неодамна стигна веста во јавноста дека Британското кралско семејство ги отпушта вработените затоа што немаат како да ги плаќаат заради финансиската криза, што дојде како резултат на пандемијата со корона вирусот, “New Idea” сега пишува дека самата Елизабета Втора се вклучила во спасувањето на палатата. Имено, според споменатите медиуми, 94-годишната кралица продава алкохол со цел да собере пари за палатата.

kraljica Elizabeta II.

Royal Collection Trust, приватна колекција на Британското кралско семејство, одлучи да го објави омилениот џин на 94-годишната кралица, кој, меѓу другото, користи состојки собрани во нејзината градина. Иако Елизабета Втора не го продава алкохолот лично, само осум часа по пуштањето на алкохолниот пијалок на пазарот тој се распродаде.

Џинот на кралицата, кој наскоро ќе биде достапен повторно и може да се нарача преку веб-страницата на Бакингемската палата, чини 50 долари и е украсен со цитрус и билк. Исто така, пијалокот, чија цена е нешто повеќе од 40 евра, е спакуван во тиркизно стаклено шише и исто така содржи лимон, врбинки , бобинки од глог и лисја од сливи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *