Ламбе Алабаковски ги покажа потпораснатите синчиња

25 септември, 2020
Lambe

Ламбе Алабаковски не остана заборавен од јавноста која секогаш сака да види и слушне нешто повеќе од приватноста на некогашниот пејач. Веќе е познато дека Ламбе неколку години заедно со сопругата Магдалена живеат во Америка каде и го проширија семејството. По првиот син Михаил, тие пред пет месеци добија уште еден наследник кој го носи името Димитриј.

Ламбе не е од оние често активните на социјалните мрежи, но желба да објави нешто секогаш му се појавува кога сака гордо да се пофали со своите наследници.

Така беше и овој пат, Михаил го држи во рацете помалото братче, а тато фотографираше и покажа пред сите колку потпораснале неговите синчиња.

Родителството е благослов од Бога и е дефиниција за совршена љубов. После Михаил ништо не е исто”, рече Ламбе во една прилика Ламбе.

escort - Korsan taksi